• Горан Упале
Екипата на Феенорд е новиот освојувач на Купот на Холандија, откако во големото финале, одиграно на, „АФАС“ славеше убедлива победа од 0-3 (0-1) над домашната екипа на АЗ Алкмар.
Ланскиот првак на холандскиот шампионат денешното финале го започна офанзивно и со голот на Јоргенсен во 26. минута дојде до заслужено водство од 0-1. Легендата на клубот, Робин Ван Перси, на стартот на вториот дел зголеми на 0-2, а победата ја запечати Торнстра во 91. минута.
За Феенорд овој трофеј од Купот е трет во последните десет години, а во Ередивизие не успеа да го повтори ланскиот успех и да ја одбрани титулата, која сега е во сопственост на ПСВ Ајндховен.