Феенорд го брка „последниот воз“ за враќање во шампионската трка

ПСВ почна да ги покажува болките, но има шест бода предност во однос на Ајакс и Утрехт, а седум во однос на претстојниот ривал Феенорд. Филипсовци во текот на неделата убедливо славеа во Купот на Холандија, донекаде ги залечија раните по поразот од Брест и Херенвен, но сега мораат да бидат на високо ниво бидејќи гостите од Ротердам се во одлична форма.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу ПСВ и Феенорд

Феенорд има четири врзани победи во сите натпреварувања, а не доживеал пораз од 6 ноември кога загуби од Салцбург во Лигата на шампионите. Двата тима се судрија на стартот на сезоната во борбата за трофејот во Суперкупот, кога по фантастичните 4-4 Феенорд славеше по изведување пенали. Сметајќи го и тој меч, клубот од Ротердам не е поразен три дуели во низа од овој ривал. Претходно ПСВ немаше пораз на пет врзани натпревари (три победи и две ремија).

Пред да типувате на овој пар, мора да имате на ум дека ПСВ не доживеал пораз дома во оваа сезона. И не само тоа, момците на Питер Бош имаат 10 победи на 11 меча, со едно реми и гол разлика 45:6. Со тоа, на домаќинот му даваме предност кога е во прашање конечниот исход. Сепак, веруваме во возбудлив и ефикасен меч. И типот ГГ3+ ни делува извесно.