Феенорд е сериозно наострен да го симне Ајакс од тронот

Одамна не било така интересно во Серија А, ништо помалку не е и во Премиер лигата, но исто така возбудувања не фалат и во Ередивизие. ПСВ и Феенорд сериозно се наострија да му ја отежнат одбраната на титулата на Ајакс, па разликата меѓу трите најголеми холандски клуба е еден единствен бод. Сепак, ситуацијата може да се промени по 17-тото коло во кое нè очекува популарното „Де Класикер“ закажано на стадионот „Де Кујп“.

Сите квоти во МОZZART за натпреварот Феенорд - Ајакс

Тоа ќе биде враќање на Стивен Берхујс на местото на успехот. Доскорешниот капитен на Феенорд ќе му се спротистави на поранешниот клуб кој го напушти за време на летото за да го засили најголемиот ривал, со изговор дека сака титули и да игра во Лигата на шампионите.

И додека ова второто тешко дека некогаш ќе го почувствуваше со Феенорд, борба за титула во првенството сигурно дека ќе следи за него. Тимот од Ротердам по четири сезони повторно е рамноправен кандидат за титулата, а шампионските амбиции ги потврди на натпреварите на домашен терен каде освои 22 од максимални 24 бода. Плус, се наоѓа во серија од 13 натпревари без пораз во сите натпреварувања. Можеше Феенорд да биде на чело на табелата минатата седмица, но, сепак, испушти победа против Гронинген (1-1).

Сите квоти во МОZZART за останатите натпревари во Ередивизие

Ајакс имаше скоро слична низа, на единаесет натпревари на сите фронтови беше непоразен, сè до минатиот викенд кога АЗ Алкмар го победи на „Јохан Кројф Арена“. Екипата на Ерик тен Хаг навистина делува најубедлива од сите три водечки тима, убедливо е најефикасна и има далеку најцврста одбрана, но ривалите го пратат секој кикс и сурово го казнуваат. Така ПСВ во претходното коло ја презеде лидерската позиција.

Актуелниот шампион ги доби седум од претходните осум меча против Феенорд, но клубот од Ротердам одамна не делувал вака моќно, па најдобра одлука би била да типувате на голови. На седум од последните девет меѓусебни натпревари паднаа најмалку три гола.