ВИДЕО: Феенорд е на чекор до титула, а лудите фанови го „искршија“ клупскиот автобус

Холандскиот гигант, Феенорд е на чекор до нова титула во домашното првенство, за која сонува цели 18 години. Вчера, тимот од Ротердам славеше гостинска победа од 0-2 над Витесе, додека Ајакс го загуби вечното дерби против ПСВ (1-0) и сега на Феенорд му е потребна само една победа за да го официјализира големиот успех. 

До крајот на Ередивизие преостануваат уште две кола, а Феенорд има предност од четири бода во однос на второпласираниот Ајакс, па уште овој викенд со победа над Ексцелзиор на гости, Феенорд може да се промовира во нов шампион, по пауза од 1999 година. 

Овој момент дефинитивно со нетрпение го очекуваат фановите на Феенорд, кои важат за едни од најверните и најпопуларните во Европа, а доказ за тоа е вчерашната прослава по доаѓањето на фудбалерите во Ротердам. Всушност, група на навивачи им приредија пријатно изненадување на фудбалерите и стручниот штаб и ги пречекаа со славје, пиротехнички средства, а од радост започнаа да удираат и по клупскиот автобус. 

Мечот против Ексцелзиор е закажан за на 7 мај, а доколку Феенорд извојува победа сигурно со денови ќе се слави во Ротердам.