• Мартин Танасковски
Шпанската фудбалска федерација им изрече казни на двајца играчи на Реал Мадрид за инцидентите по финалето во Купот на Кралот против Барселона кое се одигра во Севиља
Стоперот Антонио Рудигер за дивеењето на финалето со Барселона доби шест меча суспензија. Инцидентот е оценет како сериозен, па ќе важи за сите натпреварувања во Шпанија.
Лукас Васкез доби суспензија од два меча во Копа дел Реј, додека Џуд Белингем нема да добие казна затоа што неговиот црвен картон е поништен.




