• Мартин Танасковски
Романскиот тим ФЦСБ активно го следи Стефан Ристовски од Динамо Загреб и голема е веројатноста да се обиде да го донесе во својот тим затоа што бара играч со две улоги.
ФЦСБ сака играч кој може да игра како десен бек и стопер, а баш тоа е Ристовски кој во моментов е под договор со хрватскиот првак. Информацијата дека романскиот тим го следи Ристовски ја даде Михаи Стоица, претседателот на бордот на директори на клубот.
„Сите го знаеме националниот тим на Македонија. Го гледавме и на Европското првенство, каде играше одбрана со тројца стопери. Го следевме Стефан Ристовски подолго време“, изјави Михаи.
Ристовски се проценува на 1,5 милиони евра, а оваа сезона одигра 12 натпревари за Динамо. Низ кариерата беше дел и од Спортинг Лисабон, Ријека, Специја, Латина, Бари, Фросиноне, Кротоне, Парма и Вардар.