ФЦСБ доби шлаканица пред реваншот со Шкендија во ЛШ!

Екипата на ФЦСБ од Романија доби удар пред реваншот со Шкендија. Тимот дома како фаворит одигра 1-2 со Фарул во романскиот шампионат, а загуби со пресврт.

Домаќинот очекуваше победа за добра атмосфера, но тоа не се случи. Уште во 2. минута преку Микулеску тимот на ФЦСБ дојде до предност, но во вториот дел се распадна.

Во 59. минута од пенал Фарул преку Ларие дојде до израмнување. Потоа, ФЦСБ доби црвен, исклучен беше Тарновану. Во 80. минута гостинот погоди за 1-2, ама ВАР го поништи голот и ја скрати радоста, но во 100. минута следеше нов гол, овој пат на Исфан.

ФЦСБ ја дочекува Шкендија во Букурешт во реваншот од ЛШ на кој ќе брка негатива од еден гол (0-1).

ФОТО: FCSB / Facebook