Фазли стрелаше но Вил елиминиран од Купот на Швајцарија

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Самир Фазли погоди за својот клуб Вил во првото коло од Купот на Швајцарија во поразот од Лозана Оучи со резултат од 4-2.

Напаѓачот кој ја игра третата сезона во Вил, на денешниот меч против Лозана Оучи погоди во 85. минута за намалување на негативата во тој момент од 3-2, но во самиот финиш домаќините дадоа нов гол за потврдување на победата и пласман во следното коло.

За потсетување, гол во Купот на Швајцарија денес постигна и Никола Ѓорѓев за тимот на Грасхоперс, кој за разлика од Вил, победи и се пласира во следната рунда.