Фазлагиќ од Краков се сели на едногодишна позајмица во Дунајска Стреда

Македонскиот репрезентативец Енис Фазлагиќ повторно ќе игра во Словачка. По осумте месеци минати во Полска, носејќи го дресот на Висла Краков, младиот фудбалер заминува на едногодишна позајмица во Дунајска Стреда.

Фазлагиќ кој за Македонија дебитираше во јуни оваа година на почетокот на оваа година премина во Висла Краков, за трансефeр вреден 500.000 евра и потпиша четири и пол годишен договор, но полскиот тим испадна во Втората лига., па му беше дозволено да побара нова средина.

Словачкиот клуб веќе го претстави новото засилување кое доколку се покаже со своите настапи, по крајот на сезона Дунајска ќе има право на целосен откуп.

Дунајска Стреда има одличен старт во домашниот шампионат и по пет кола е на второто место зад Слован Братислава.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.