Фазлагиќ: Македонија секогаш игра на победа, така ќе биде и во иднина

Фудбалерите на Македонија се радуваа на домашниот дуел против Гибралтар со 4-0, со четири погодоци во првото полувреме. Бидејќи ова беше четврти натпревар во десет дена, селекторот Милевски во продолжението им даде шанса на дури четири дебитанти. 

Еден од нив беше фудбалерот на Жилина, Енис Фазлагиќ. Играчот за врска беше задоволен од натпреварот, прикажаното и резултатот. 

„Победивме убедливо, благодарение на првиот дел, кој го одигравме прекрасно. Во второто полувреме гледавме да го затвориме натпреварот и со помалку грешки да го завршиме. Секако дека ќе играме на победи во септември. Оваа селекција секогаш игра на победа и така ќе биде и во иднина“, изјави Фазлагиќ.

Следните предизвици на Македонија доаѓаат во септември, со гостување кај Грузија и домашна средба против Бугарија. Со седум бода нашиот национален тим е второпласиран зад Грузијците кои имаат десет. 

Состави

Благоја Милевски

4-3-3

    Julio Ribas

    4-3-3