Фавр го замени Санчо во 36. минута, причината не беше повреда, туку...

Екипата на Борусија Дортмунд синоќа го одигра можеби најлошиот натпревар во новата сезона на Бундеслигата и загуби убедливо од големиот ривал Баерн Минхен (4-0).

„Милионерите“ без тотално немоќни во текот на сите 90 минути, а доказ за тоа е и раната измена во 38. минута кога од игра излезе првата ѕвезда на тимот Џејдон Санчо. Многумина мислеа дека се работи за некаква повреда на англискиот фудбалер, но тренерот Фавр го демантираше тоа и ја објасни својата чудна одлука.

„Не се работи за повреда. Санчо можеше да го продолжи мечот. Се решив за таква замена бидејќи морав да повлечам некаков потег. Она што го гледав на теренот дотогаш не ми се допадна“, рече Фавр. 

Санчо не беше задоволен од оваа одлука на својот тренер и по мечот одби да даде изјава за медиумите.