ВИДЕО: Фаворитите ги освоија бодовите, Новаци со автогол загуби од Тетекс

Фаворитите одиграа на посакуваното ниво во дваесеттото коло од Втората македонска фудбалска лига. Петте најдобри екипи, впрочем оние кои што се борат за промоција во елитата, попладнево запишаа победи и практично ништо не се промени на табелата. 

Лидерот Охрид го имаше можеби најголемиот предизвик затоа што гостуваше кај незгодниот Кожуф во Гевгелија, но го најде патот до трите бода и со голот на Абдулхади Јахја славеше со минимални 0-1.

  • Кожуф – Охрид 0-1:

Минималец запиша и Шкендија Арачиново, која што пред својата публика не дозволи изненадување против Детонит Плачковица и славеше со 1-0. Aвтор на победничкиот гол беше Џихан Адил во првиот дел.

  • Шкендија Арачиново – Детонит 1-0:

Најубедлив беше тимот на Скопје, кој од Прилеп си замина со пет постигнати погодоци. Прашањето на победникот на овој натпревар во ниту еден момент не висеше во воздух, затоа што скопјани брзо ја разбија домашната одбрана, а во вториот дел ја запечатија високата победа (0-5).

  • Победа – Скопје 0-5:

Сигурно победи запишаа и екипите на Брегалница и Беласица. Штипјани на свој терен го совладаа составот на Каменица Саса со 3-1 и го запишаа 13 овосезонски триумф во второлигашкиот шампионат.

  • Брегалница – Каменица Саса 3-1:

Со два гола разлика славеше и Беласица, која во Струмица извојува триумф од 2-0 над Слога Виница.

  • Беласица – Слога Виница 2-0:

Голема победа во трката за опстанок извојува екипата на Тетекс, која што на свој терен беше поуспешна од Новаци со 2-1. Тетовскиот тим до овој триумф стигна благодарение на комичниот автогол кој што гостите си го постигнаа во вториот дел. 

  • Тетекс – Новаци 2-1:

Во Неготино екипата на Вардар ја оправда улогата на фаворит и против Преспа славеше со 2-1.

  • Вардар Неготино – Преспа 2-1:

Очекуван триумф запиша и кочански Осогово, против Големо Коњари со 2-0.

  • Осогово – Големо Коњари:

Охрид останува лидер со 46 бода, еден повеќе од Шкендија Арачиново, а трет е Скопје со 44 бода. Брегалница е на четвртата позицја со 43 бода, додека Беласица со 40 бода е на петтото место.