Фатјон Јусуфи е првото летно засилување за Шкупи

Екипата на Шкупи го потврди првото летно засилување и потпиша договор со крилото Фатјон Јусуфи.

Јусуфи, кој има 23 години, во редовите на чаирчани доаѓа од Ерменија каде го носеше дресот на Ширак. Со македонскиот тим тој потпиша едногодишен договор и во него се гледа големо засилување пред квалификациите за Лига Европа.

Покрај за Ширак, Јусуфи играше уште и за албански Партизани како и тетовска Ренова. Од Шкупи најавија дека Јусуфи нема да е последно засилување и во наредните денови ќе се промовираат уште имиња.