• Горан Упале

Фудбалерите на Барселона по подолго време успеаја да врзат две победи во Примера. По тесниот триумф над Мајорка во претходното коло, вечерва каталонскиот клуб со погодок во самата завршница го скрши отпорот на Бетис и впиша нови три бода на своето конто, со кои се зацврсти на втората позиција на табелата (1-2).
- Извештај од натпреварот:
Дербито во Севиља донесе две сосема различни полуфремиња. Во првото двете екипи повеќе тактизираа и не се осмелуваа посериозно да го нападнат противничкиот гол, додека во второто играта се отвори и тоа донесе три гола.
Први на погодок се радуваа гостите од „Камп Ноу“ кои преку повратникот Ансу Фати го отворија резултатот. 19-годишниот напаѓач својот прв овогодишен погодок го постигна по само една минута откако влезе во игра, но некогашниот дефанзвиец на Барса, Барта експресно возврати и го врати Бетис во игра за трите бода.
Сепак, искуството на Барселона беше пресудно во самата завршница, откако бековската врска – Алвес-Алба ја пробија домашната одбрана и шпанскиот репрезентативец погоди за конечни 1-2.