• Саше Љолес
Екипата на Борусија Дортмунд направи нов чекор назад во однос на Баерн Минхен, откако загуби со 0-1 (0-1) од Баерн Леверкузен во натпреварот од 29. коло на германската Бундеслига.
- Борусија Дортмунд - Баер Леверкузен 0-1:
„Милионерите“ беа поразени пред своите гледачи, кои очекуваа далеку подобро издание од своите миленици. Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Роберт Андрих, кој ја затресе мрежата во 42. минута.
Се обиде Дортмунд да возврати во вториот дел, создаваше прилики, но само еднаш се закани во рамките на голот. Тоа се покажа како недоволно за барем еден бод пред своите фанови, со што и дефинитивно му прави огромна услуга на Баерн Минхен, кој е на само чекор од нова шампионска титула. До крајот на сезоната во Германија остануваат уште пет кола.
Хајденхајм освои три бода со победата над Унион Берлин на домашен терен (3-1), Ајнтрахт Франкфурт славеше на гостувањето кај Волфсбург со конечни 1-2, а РБ Лајпциг го совлада тимот на Борусија Менхенгладбах со минимални 1-0.



