ВИДЕО: „Фармацевтите“ го најдоа лекот за Аугсбург и останаа во игра за пласман во ЛШ

Во првиот натпревар од 31. коло во Бундеслигата, Баер Леверкузен го совлада со 1-4 (1-1) незгодниот Аугсбург и остана во игра за пласман во Лигата на шампионите. По денешните три бода „фармацевтите“ се наоѓаат на два бода до тимот на Ајнтрахт Франкфурт, кој е на четвртото место, но сега има и меч помалку.

  • Извештај од натпреварот:

Почетокот на мечот не беше совршен за гостите, бидејќи Аугсбург по голот на Кевин Дансо во 12. минута поведе со 1-0. Радоста на домаќините кратко траеше и само три минути подоцна Кевин Воланд израмни на 1-1, а тој резултат остана и по крајот на првиот дел.

Леверкузен до победата стигна во првите 15 минути од продолжението на натпреварот. Најпрво Кај Хаверц во 48. минута погоди за целосен пресврт (1-2), а на комотни 1-3 во 60. минута зголеми Џонатан Та. До крајот гостите имаа уште неколку шанси, а една од нив во 90. минута реализира Јулијан Брандт за конечни 1-4.

Во следното коло битката за пласман во ЛШ, Баер Леверкузен ќе ја продолжи на домашен терен, а противник ќе му биде директниот конкурент, Ајнтрахт Франкфурт.