ВИДЕО: „Фармацевтите“ го најдоа лекот за Ајнтрахт Франкфурт во ДФБ Купот

Екипата на Баер Леверкузен убедливо славеше над Ајнтрахт Франкфурт (4-1) и патува во наредната фаза во германскиот ДФБ Куп.

  • Извештај од натпреварот:

„Фармацевтите“ одиграа моќно во второто полувреме и благодарение на тоа издание го најдоа лекот за гостинот од Франкфурт. Со победата, Леверкузен патува меѓу шеснаесетте најдобри во германското натпреварување.

Резултатот прв го отвори Ајнтрахт, кога во 6. минута во мрежата на домашните стрелаше Јунес. Во 27. минута Аларио доби пенал кој го реализира за 1-1, а во второто полувреме Диаби беше двоен стрелец и со уште еден гол од Тапсоба го елиминираа ривалот од Купот.

Баер Леверкузен во следната рунда ќе игра со РВ Есен, кој ја елиминира Фортуна Дизелдорф (3-2).