• Горан Упале
Германскиот фудбалски стратег Даниел Фарке ја напушти функцијата шеф на стручниот штаб на Краснодар, една недела по почетокот на руската воена интервенција во Украина.
Од клубот соопштија дека спогодбено е раскинат договорот со германскиот тренер, а, покрај него, си заминуваат и тројца асистенти.
Фарке во Краснодар пристигна во јануари, но никогаш не го водеше тимот на официјален натпревар. Првиот меч на Краснодар во вториот дел од сезоната беше одложен минатата недела, бидејќи локалниот аеродром беше затворен поради воената интервенција. Тоа беше прв ангажман на германскиот стратег откако беше отпуштен во Норич во ноември минатата година.
Во вторникот, во знак на протест поради воениот конфликт, германскиот тренер Маркус Гисдол поднесе оставка на функцијата тренер на московски Локомотив, додека поранешниот украински репрезентативец Андреј Воронин ја напушти функцијата помошник тренер на Динамо Москва.