• Горан Упале
Италијанскиот стручњак Франческо Фариоли повеќе не е тренер на фудбалерите на Ајакс по фијаското во последните пет кола и губењето на титулата во Ередивизие и покрај тоа што имаше девет бода предност во однос на ПСВ Ајндховен, објави денес клубот од Амстердам.
Во соопштението се наведува дека Фариоли ги информирал челниците на Ајакс за својата одлука, кои ја прифатиле оставката на италијанскиот тренер.
Francesco Farioli pic.twitter.com/wdpaKIFrqL
— AFC Ajax (@AFCAjax) May 18, 2025
36-годишниот Фариоли го презеде Ајакс во мај минатата година, а имаше договор со холандскиот клуб до 30 јуни 2027 година. Покрај Фариоли, клубот ќе ги напушти и помошниците Даниеле Кавалето и Фелипе Санчез Матео, како и тренерот на голманите Јарко Туомисто.
„Моето патување во Ајакс започна пред речиси една година, со цел да го вратам клубот таму каде што му е местото. Патувањето заврши на Арената „Јохан Кројф“, конечно враќајќи го Ајакс на најголемата сцена на европскиот фудбал - Лигата на шампионите.
Беше привилегија да бидам тренер на Ајакс“, рече Фариоли, кој по вчерашниот натпревар не го сочува емоциите и заплака пред фановите на клубот.
Ајакс ја заврши сезоната во холандското првенство на второто место на табелата, еден бод зад првопласираниот ПСВ Ајндховен.