Фариоли го препороди Порто, „змејовите“ ќе презимат без пораз

Во португалската Примеира се раѓа гигант кој реализира скоро перфектна есен. Франческо Фариоли и Порто врзаа шеснаесет натпревари без пораз и убедливо води во шампионатот.

По ланската негативна сезона и неквалификувањето во Лигата на шампионите, екипата од „Драгао“ направи големи промени и тие веднаш дадоа резултат.

Порто продолжува да биде лидер во португалското првенство, со 46 бода по 16 натпревари. Тимот е на врвот на табелата, пет бода пред второпласираниот Спортинг Лисабон.

Баерн Минхен е единствената екипа, покрај Порто, која нема пораз во домашното првенство цела полусезона.