„Фараоните“ ќе ги ловат „слоновите“ во осминафиналето на АКН

Оној минимален пораз на Египет на отворањето на Африканскиот Куп на Нации против Нигерија би можел скапо да ги чини „фараоните“. Веќе во осминафиналето на континенталниот шампионат налетуваат на сериозна мина, еден од главните фаворити – Брегот на слоновата коска (среда, 17:00 часот).

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу БСК и Египет

Египет не одушеви со игрите во групната фаза, само со по 1-0 ги совлада Судан и Гвинеја. На хартија тоа требаше да изгледа многу подобро затоа што селекцијата која ја води Карлош Кеирош е составена од добро воиграни играчи од првакот на Африја, Ал Ахли и шампионот на Египет, Замалек, а ги предводи светската ѕвезда Мохамед Салах. Меѓутоа, можно е „фараоните“ да чуваа сила за следната фаза.

Ривалот – еден од најтешките. „Слоновите“ имаат исклучително разноврсен и квалитетен тим, тука се Себастијан Але, Никола Пепе, Франк Кеси, Вилфред Заха... Дури и на Европско првенство, БСК би можела да се надева на некој поголем успех со такви играчи. Недостасува само искуство на клупата затоа што 43-годишниот Патрис Бомељ досега ја водеше само Замбија до 2014 година, а потоа беше асистент на поранешниот селектор Ренар.

Квоти за останатите натпревари од осминафиналето на АКН

Од преслебата на Бомељ во западна Африка овие репрезентации никогаш не играле. Нивниот последен дуел е на пријателски натпревар во 2013 година кога беше 4-2 за „слоновите“. Последниот натпреварувачки меч го одиграа во 2008 година во полуфиналето на Африканскиот куп на нации кога Египет славеше со 4-1, а потоа го освои и турнирот со победа над Камерун. Тоа беше втората од трите титули по ред во Африка, а Египќаните се рекордни седумкратни прваци. Брегот на слоновата коска до тронот дојде во два наврати, во 1992 и 2015 година.