• Иван Димовски

Кратовчани похрабро влегоа во полуфиналната пресметка против Струга Трим Љум, а иако на стартот изостанаа сериозните шанси, Силекс покажа дека и од најмало невнимание на ривалот може да биде опасен.
Гостите успеаја и да постигнат еден гол во мрежата на Мирселовски, по нафрлување од Тантуровски, на пеналтикот со глава биеше Пепи Ѓоргиев, но судиите веднаш се огласија и го поништија погодокот поради офсајд.
- Спорниот момент на натпреварот во Струга:
Оваа одлука е во најмала рака спорна, бидејќи според снимката се гледа дека Милековски доцни со излегувањето и неговата нога спречува офсајд позиција, па голот можеби и требаше да биде признат. Сепак, арбитрите одлучија дека Ѓоргиев бил во недозволена позиција.