• Мартин Танасковски

Навивачите на Кожуф, навивачката група „Фантоми“, објавија соопштение до медиумите во кое го посочија незадоволството од случувањето на последниот меч на нивниот клуб со Башкими, на кој падна скандалозен гол за победа на кумановчани.
Гевгеличани повикаа на акција, побараа итен состанок, затоа што мора да се реагира навремено. Како што велат, клубот постои еден век, а вакво нешто да се случува е срамно во најмала рака.
„Клуб кој постои еден век да јаде ваков срам нема да дозволиме! Како навивачка група бараме итен состанок и ОДГОВОРНОСТ! Никој нема да биде поштеден. Клуб за кој сме се бореле во општински лиги, сме јаделе куп казни, притисоци , закани и слично! Секогаш сме биле победници, ќе бидеме и сега! Ќе се избориме до крај! Кожуф ова не го заслужи! Време е клубот да дојде во наши раце! Тишина пред бура!“, велат навивачите.
Воедно, од „Фантоми“ посочија дека за сите постапки на групата, медиумите ќе бидат навремено известени.