Фановите возбудени, Премиер лигата преговара за користење револуционерни маски

Премиер лига

Премиер лигата е во напредни преговори за да обезбеди специјално изработени заштитни маски за фудбалерите, кои ќе помогнат да се почитуваат стриктните мерки на претпазливост на Светската здравствена организација (СЗО).

Во наредниот период се очекува кам-бек на англискиот фудбал, но само под посебни услови, предвидени од медицинските експерти. Играчите и сите останати вклучени во натпреварите ќе мора да почитуваат голем број правила за да се спречи нов бран заразени од коронавирусот.

Компанија од Дубаи е производител на специјалната „N59“ маск која ќе им помага на спортистите да се заштитат од ковид-19. Предизвикот ќе биде огромен, со оглед на тоа што сите клубови се соочуваат со екстремно ретка ситуација, која досега се нема случено.

Најавите од Англија велат дека тренинзите ќе започнат во мај, а на крајот од истиот месец, би можеле да се одржат и првите мечеви. Фановите со нетрпение го очекуваат остатокот од првенството, кое го предводи Ливерпул и тоа со огромна предност пред Манчестер Сити.

Англиските власти најавија дека засега не планираат да го следат примерот на француска Лига 1, која го откажа шампионатот и го круниса ПСЖ за старо-нов првак.