Фановите во паника, историски премиерлигаш ризикува испаѓање заради огромен долг!

Евертон го доведе Шон Дајч за да го спаси од испаѓање од Премиер лигата, а како тоа да не беше доволно, сега од Англија доаѓаат вести дека клубот е пред суспензија. Според „Скај Спортс“ челниците на Евертон ги прекршиле финансиските прописи и сега ги чека казна. Од клубот соопштија дека не се согласуваат со обвинувањата и дека се подготвени силно да го бранат својот став пред комисијата.

Клубот кој моментално е на петнаесеттото место на табелата со 26 бода, два повеќе од екипите во зоната за испаѓање, го прекрши финансискиот фер-плеј и сега му се заканува, не само финансиска казна и забрана за трансфери, туку и евентуално одземање на бодови. Доколку навистина се докаже дека Евертон како обвинет ги прекршил правилата во сезоните 2018/19 и 2021/22 и ако му бидат одземени бодови, тоа секако би значело преселба во понизок ранг. Тоа особено би ги повредило навивачите, бидејќи Евертон е еден од шесте тимови кои никогаш не испаднале од Премиер лигата од 1992 година.

Во последните три години овој клуб успеа да забележи над 400 милиони евра загуби, што е далеку повеќе од предвидените 110 милиони евра по сезона што ги дозволува Премиер лигата.

„Клубот силно протестира против наводите дека не соработувал со властите и заедно со независен тим од експерти е убеден дека работел според правилата. Клубот во последните неколку години ги достави сите потребни информации во потребниот рок на челниците на Премиер лигата“, се вели во соопштението на клубот од Мерсисајд. 

Покрај Евертон, за непочитување на финансискиот фер-плеј се води постапка и против Манчестер Сити