Фановите не веруваат во Алиоски: „Веројатно нема квалитети за Премиер лигата...“

Лидс

Екипата на Лидс Јунајтед игра одлична сезона во Чемпионшип и е многу блиску до промоција во Премиер лигата. Тоа ќе биде голем успех за тимот на Марсело Биелса, каде игра и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Токму брзоногиот офанзивец беше тема на разговор на фановите на англискиот второлигаш на социјалните мрежи. Отворена беше дебата во која се разговараше за квалитетите на 28-годишникот и што може да се очекува од него во најсилниот шампионат во Англија.

Повеќето од приврзаниците на Лидс се скептични и не веруваат дека тој би можел да биде првотимец на премиерлигашка екипа.

Еве дел од реакциите на навивачите на Твитер: