• Саше Љолес
Навивачите на Тотенхем „удрија со дрва и камења“ по управата на лондонскиот премиерлигаш и жестоко реагираа на очајното издание во дебитанскиот настап за новото засилување, Матис Тел.
Напаѓачот пристигна како големо засилување од Баерн Минхен, но во првиот премиерлигашки меч се сретна со водечкиот Ливерпул во ФА-Купот и беше скоро невидлив на теренот.
„Каква криминална зделка, вратете ни ги парите што ги дадовме за Тел“, стои во коментарот од фан-клубот на „петлите“ на платформата „икс“.
Дел од фановите на Тотенхем се сомневаат дека Тел ќе го пронајде своето место во тимот, но останува на фудбалерот да ги демантира и да го докаже спротивното на следните натпревари.