Фановите на Спартак со интересна порака: Не ви го бараме идентитетот, но Ѓоко... (ФОТО)

Спартак Варна на „македонски погон“ обезбеди опстанок во Првата лига на Бугарија. Со трите гола на Георг Стојановски оваа екипа го доби дуелот со Локомотив Софија (3-0) и го казни киксот на Септември Софија со што скокна на безбедна позиција по последното коло во шампионатот. 

Тренер на екипата е славниот македонски стратег Ѓоко Хаџиевски кој ја исполни примарната цел на Спартак и го одржа во лигата. Искусниот тренер е популарен и меѓу навивачите, а тоа се виде и за време на прославата. 

Без разлика на политичките проблеми меѓу Македонија и Бугарија, навивач донесе транспарент до Хаџиевски на кој го има неговиот лик, бугарско и македонско знаме и порака. На него пишуваше: „Нема да ви го бараме идентитетот, но Ѓоко е еден од нас“.

Ова беше моќна порака дека во спортот не смее да се меша политиката.

ФОТО/PHOTO: Sportal.bg