ФОТО: Фановите на Спарта му спремија повратен авионски билет на тренерот Страмачони

Се сеќавате ли на младиот италијански стручњак Андре Страмачони? 41-годишниот дипломиран правник сега е тренер на чешкиот гигант Спарта од Прага и не му оди најдобро во домашниот шампионат.

Спарта заостанува дури 18 бода зад водечкиот Плзен, кој има импресивни 15 победи и едно реми од 16 натпревари. Поранешниот предводник на Удинезе и Панатинаикос се наоѓа пред отказ, а навивачите на оригинален начин му го спремија повратниот авионски билет.