• Мартин Танасковски

Навивачите на Манчестер Сити не пропуштија шанса да го провоцираат Винициус Жуниор од Реал Мадрид.
Играчот на кралскиот клуб загуби во битката за Златната топка од Родри, па се жалеше јавно на изборот. Доби поддрршка од многумина, но фановите на Манчестер Сити не сметаат поинаку и изготвија кореографија.
„Доста плачеш“, му порачаа на играчот на Реал Мадрид, за време на гостувањето во Англија на мечот од Лигата на шампионите.