Фановите на Сао Паоло го добија најубавиот божиќен подарок: Легендата се врати дома!

Фановите на Сао Паоло можат да го прослават Божиќ на најдобар можен начин, бидејќи на бадниковата вечер се врати Оскар. По 14 години, бразилскиот фудбалер повторно ќе го носи дресот на клубот во кој израснал.

Во првиот мандат не играше премногу, бидејќи брзо се пресели во Интернационал, од каде замина во Англија, каде го носеше дресот на Челзи. На талентираниот Бразилец сè му одеше добро, а потоа следеше трансфер во Кина.

Оскар потпиша за Шангај Порт во 2017 година и тоа беше трансфер кој предизвика многу коментари. Бразилецот истакна дека поважно му е да заработува за да го обезбеди своето семејство, отколку името на клубот за кој ќе игра. Седум години подоцна, откако заработи 175 милиони во кинеската Суперлига, Оскар реши да се врати дома по завршувањето на договорот, каде потпиша тригодишен договор.

„Среќен сум што се вратив во Бразил и што можам да играм за Сао Паоло, клубот во кој ја започнав кариерата, каде што пораснав и се открив себеси. Благодарен сум за наклонетоста што ја добив на социјалните мрежи во последните неколку дена и ќе дадам сè од себе заедно да постигнеме големи работи“, изјави Оскар на промоцијата.

33-годишниот играч за врска за Челзи играше од 2012 до 2017 година, одигра 131 натпревари за „сините“ и постигна 21 гол.