Фановите на ПСЖ со навредливи транспаренти му го свртеа грбот на Нејмар

Ако челниците на ПСЖ му го свртија грбот од поодамна, од вечерва Нејмар знае дека нема поддршка ни од фановите на клубот. Во првиот натпревар од новата сезона во Лига 1, ПСЖ извојува победа над Ним од 3-0, а Бразилецот не настапи заради казна добиена по финалниот натпревар од Купот на Франција.

Сепак, и покрај тоа што не беше на тревникот, Нејмар беше во центарот на вниманието на натпреварот. Навивачите скандираа со погрдни зборови кон Нејмар, а се појавија и транспаренти со навредлива содржина.

„Нејмар кучкин син, Нејмар оди си“, беа двете највидливи пораки кои ги фокусираа и ТВ-камерите.

До крајот на преодниот рок во Италија и Шпанија преостануваат уште три недели и можност најскапиот светски фудбалер да ја промени средината.