Фановите на Наполи ги „запалија“ улиците околу стадионот во чест на Марадона! (ВИДЕО)

Веста за смртта на Диего Армандо Марадона вчера попладне ја шокира светската јавност. Иако многумина го почитуваа, во Неапол како и во Аргентина, овој фудбалер уживаше огромна слава. 

Веќе беше најавено дека стадионот „Сан Паоло“ во Неапол ќе биде преименуван и ќе го добие името „Диего Марадона“, во чест на аргентинската ѕвезда. Наполи вечерва ја дочека Ријека во Лигата на Европа, а бидејќи нема навивачи на трибините дел од приврзаниците на „партенопеите“ се стационираа пред стадионот каде палат свеќи и оддаваат почит за Марадона. 

Покрај тоа, улиците околу стадионот кој наскоро ќе се вика „Диего Армандо Марадона“ се „запалија“ непосредно пред првиот судиски свиреж, а фановите бурно го скандираа името на најголемата клупска легенда.

  • Дел од атмосферата во Неапол: