• Саше Љолес
Позајмицата на Жоао Феликс во Милан истекува на крајот од сезоната, а неговиот учинок може да се каже дека е навистина скромен, а според зборовите на навивачите - „очаен“.
Милан плати 5,5 милиони евра за позајмицата на играчот кој досега забележа само еден гол и една асистенција, што доведе до непријатни коментари на социјалните мрежи и желби за што поскоро заминување од Милано.
„Жоао, врати се таму од каде што дојде, не си потребен во нашиот тим“, се само дел од коментарите на фановите.
Португалскиот репрезентативец никако не може да пронајде континуитет во своите настапи, па затоа е повеќе од сигурно дека летово ќе се врати во Челзи, каде исто така нема да биде во преден план кај тренерот Енцо Мареска.