ФОТО: Фановите на Малме немилосрдни, статуата на Ибрахимовиќ веќе е минато

Пред само неколку месеци, Златан Ибрахимовиќ доби статуа и беше пречекан како крал во родниот Малме.

Но, откако се појави веста во јавноста за неговата инвестиција во Хамарби, фановите на неговата поранешна екипа започнаа да ја уништуваат два и пол високата скулптура, тешка половина тон.

Најпрво страдаше носот, потоа ногата, а сега целата статуа беше срушена, што се очекува да биде последниот чекор во „одмаздата“ на навивачите на Малме.

38-годишникот од оваа сезона се врати во Милан, каде ќе ја продолжи кариерата, по кратката авантура во САД.