ВИДЕО: Фановите на Ливерпул со камења го нападнаа автобусот на Реал Мадрид

По вечерашното соочување меѓу Ливерпул и Реал Мадрид познат ќе биде противникот на Челзи во полуфиналето во Лигата на шампионите.

„Кралскиот клуб“ славеше во првиот натпревар со 3-1 и е во подобра позиција пред вечерашниот натпревар, но јасно е дека Ливерпул ќе даде сè од себе за да дојде до пресврт.

Фудбалерите на Реал Мадрид уште од вчера се во Англија и одработија еден тренинг, а пред денешното дерби доживеаја голема непријатност. Имено, англиските медиуми објавуваат дека група навивачи на Ливерпул го нападнале автобусот со фудбалерите на Реал Мадрид.

Удирајќи со камења по автобусот на Реал Мадрид скршени биле неколку стакла, но за среќа никој не е повреден во овој инцидент.