Фановите на Лидс одушевени: Што јаде Алиоски за појадок, ракетно гориво?

Алиоски

На денот кога Лидс Јунајтед го прослави стотиот роденден, фановите уживаа и прославија минимална победа во дуелот со Бирмингем.

Македонскиот интернационалец Езџан Алиоски одново беше еден од подобрите на теренот во тимот на Марсело Биелса. Фановите на Твитер го прогласија за „Играч на натпреварот“ и имаа само пофалби за неговото издание.

Како и во редовите на македонската репрезентација, 27-годишникот игра на левата бековска позиција и не престанува со трчање во текот на сите 90 минути.

Токму тоа беа зборовите на социјалните мрежи, а еден од навивачите запраша: „Што јаде Алиоски за појадок, ракоетно гориво?“