ФОТО: Фановите на Лидс му удрија сеир на Алиоски поради неговиот телефон

Алиоски

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски игра уште една солидна сезона во дресот на Лидс Јунајтед.

Фудбалерите предводени од Марсело Биелса притискаат да обезбедат промоција во Премиер лигата. Моментално екипата се наоѓа на втората позиција со два бода пред третопласираниот Шефилд Јунајтед.

Фановите се задоволни од игрите на нашиот фудбалер, а пред победата над Престон приредија шега на негова сметка. Причината беше неговиот телефон кој на задната страна има фотографија од него.

27-годишникот е стандарден во тимот оваа сезона и одигра 41 натпревар. Досега постигна седум гола и запиша пет асистенции, исто колку што беше неговиот учинок во дебитантската сезона во Чемпионшип минатата година.