Фановите на Јунајтед со охрабрувачки пораки: „Ќе ја елиминираме Уефалона“! 

По ПСЖ, англискиот гигант Манчeстер Јунајтед е пред уште еден исклучително тежок двомеч во Лигата на шампионите, откако денешната четвртфинална ждрепка му донесе борба со Барселона

Несомнено, судејќи по одиграната сезона, шпанскиот шампион е голем фаворит за пласман во полуфиналето, но со Јунајтед никогаш не се знае. Пред извлекувањето, шпанските медиуми пишуваа дека фудбалерите на Барселона за свој противник во четвртфиналето го посакувале токму Манчестер Јунајтед, бидејќи го сметале за еден од послабите во оваа фаза, па сега им преостанува тоа да го докажат на терен на 9 април во Англија и на 16 во Каталонија

Очекувано, фановите на „ѓаволите“ не останаа имуни на овие пишувања на Шпанците и ги преплавија социјалните мрежи со коментари дека Барселона нема што да бара на овој двомеч. 

Прочитајте неколку од мноштвото оптимистички коментари на фановите на англискиот гигант: