ВИДЕО: Фановите на Јунајтед го провоцираа Меси со името на Роналдо додека добиваше лекарска помош

Меси Роналдо

Првиот стрелец на Барселона, Лионел Меси, имаше лоша вечер на „Олд Трафорд“, кога е во прашање неговото здравје.

Крис Смолинг се погрижи да му го раскрвари лицето со насилнички старт по кој не доби ниту жолт картон.

>>> ВИДЕО: Меси „јаде ќотек“ на „Олд Трафорд“ - Смолинг со лакт му го раскрвари носот! 

Фановите на Манчестер Јунајтед го провоцираа Аргентинецот извикувајќи „Роналдо, Роналдо“ додека тој примаше лекарска помош.

Каталонците обезбедија минимална предност пред реваншот и се поблиску до пласман во полуфиналето од тимот на Оле Гунар Солскјер.