ФОТО: Фановите на финалистите заедно навиваат, предиграта во Лион без инциденти

Ниту облачното време и ситниот дожд не ги спречи фановите на Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид да ги исполнат фан-зоните на двата клуба и да се забавуваат воочи финалето на Лига Европа. Преку 10.000 Шпанци, главно допатуваа со автомобили во текот на вчерашниот ден, ќе го бодрат тимот на Симеоне.

Многу побројни треба да бидат фановите на Олимпик Марсеј, но тие доаѓаат на денот на натпреварот и треба да минат многу контроли на и околу „Групама Арена“ во Лион. Бројот на луѓе кои се грижат за безбедноста е огромен и УЕФА и француската полиција се надеваат дека натпреварот ќе мине без инциденти.

Холанѓанецот Бјорн Кујперс ќе го суди финалето. Атлетико Мадрид тргнува по третата круна од Лига Европа, а Олимпик Марсеј и францускиот фудбал по премиерната.

Погледнете каква е атмосферата низ улиците на Лион: