ВИДЕО: Фановите на Челзи го поздравија својот херој - овации за Лампард на „Стемфорд Бриџ“

Френк Лампард со својот Дерби Каунти вечерва во рамките на Карабао Купот гостува на „Стемфорд Бриџ“, а уште еднаш фановите на „сините“ го поздравија својот херој со овации при неговото излегување од тунелот.

40-годишниот Френк Лампард за Челзи постигна 211 гола на 648 натпревари, освои 13 трофеи и е најдобриот стрелец во историјата на „сините“.