• Александар Ковачев

Од навивачите на Челзи, Србинот Бранислав Ивановиќ се најде на удар по поразот во вчерашниот натпревар од Рапид Виена со 2-0 во дебито на новито менаџер Антонио Конте. Се чини дека фановите на тимот од „Стемфорд Бриџ“ многу брзо ги заборавија добрите игри на Ивановиќ и едноставно му го свртеа грбот на својот миленик, како и многу други навивачи на планетата.
Покрај Ивановиќ на мета се најдоа и Оби Микел, Рами и Рахман Баба, но Србинот беше со најголем број негативни коментари. Навивачите пишуваа дека одбранбениот играч повеќе нема квалитет за да го носи дресот на Челзи, дека е „лажен играч“ и дека во клубот е само поради парите. Ова сигурно дека го погоди и самиот Ивановиќ, па со само тоа се подгреани шпекулациите дека тој ќе го напушти тимот на Конте.
Ивановиќ во Челзи е од 2008 година, а во 2013 година беше најзаслужниот фудбалер за титулата од ЛЕ. Со Челзи уште освои и две шампионски титули, Лига на Шампиони, ФА Куп, Лига Куп и Комјунити шилд. Сепак и тоа е многу брзо заборавено од најверните навивачи на Челзи.