• Горан Упале
Екипата на Бодо Глимт ги минува најдобрите години во својата клупска историја. Во последните четири сезони, трипати е шампион на Норвешка, и веќе е редовен учесник во европските натпреварувања.
Синоќа, фудбалерите на Бодо Глимт гостуваа на „Театар на соништата“, а таму фановите на норвешкиот шампион срушија рекорд и приредија фантастична атмосфера. Имено, на „Олд Трафорд“ имаше 6.714 фанови од Норвешка, што е рекорд на гостински навивачи на легендарниот стадион на еден европски натпревар.
Покрај тоа, навивањето на норвешките фанови беше посебно, и во повеќе наврати ги надвикаа домаќините и фудбалерите на Бодо се чувствуваа како да играат на домашен терен.