ВИДЕО: Фановите на Барса си фаќаат сеир – Де Јонг со еден потег го „понижи“ Крос! 

Селекциите на Холандија и Германија одиграа фантастичен натпревар во евро-квалификациите, кој беше крунисан со пет гола и победа на „панцирите“ од 2-3. 

Фудбалерите на двете селекции на своите фанови им сервираа голем број на фудбалски потези, а еден од најатрактивните заврши зад името на новото засилување на Барселона, Френки Де Јонг. 

Младата холандска ѕвезда во самиот финиш од мечот повторно ги одушеви своите фанови, откако со еден потег го „измами“ идниот голем ривал Тони Крос.

Очекувано, овој дриблинг на Де Јонг беше искористен за исмејување на фудбалерот на Реал Мадрид, од страна на фановите на Барселона. 

Европско првенство, Квалификации, Група C
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Северна ИрскаСеверна Ирска 1 2 2 0 0 4:1 3 6
2 ГерманијаГерманија 1 1 1 0 0 3:2 1 3
3 ХоландијаХоландија 2 2 1 0 1 6:3 3 3
4 ЕстонијаЕстонија 1 0 0 1 0:2 -2 0
5 БелорусијаБелорусија 2 0 0 2 1:6 -5 0