• Горан Упале

Шкотски Абердин го направи вистинскиот потег со доведувањето на Бојан Миовски. Македонскиот напаѓач веднаш се наметна како прва „деветка“ во тимот, а неговите чести погодоци му донесоа посебно место кај фановите на славниот шкотски клуб.
Така, најверните приврзаници на поранешниот шампион во Прмиер лигата му посветија песна на нашиот напаѓач, која што веднаш стана хит на сицијалните мрежи, а сигурно така ќе биде и на трибините на следниот натпревар на нашиот напаѓач.
На шест натпревари во шкотската Премиер лигата, Миовски постигна пет гола, a има и еден во Лига Купот.