Фановите ќе добијат препорака да тропаат со нозе, наместо да пеат песни на ЕП 2020!?

ЕП 2020

Постојано се појавуваат шпекулации поврзани со начинот на кој што ќе бидат поставени условите за однесување на претстојното Европско првенство.

Една информација вели дека навивачите ќе добијат препорака да тропаат со нозе, а не да ги користат рацете и својот глас при навивањето, со цел да се избегне ширење на коронавирусот. Ова го пишува „Тајмс“, кој најавува што би можело да се случи на натпреварите во Англија.

Тестови за ковид-19 ќе бидат задолжителни, а контроверзниот предлог го даде професорката Даме Тереза Марто од Универзитетот во Кембриџ. Таа апелира сите присутни на стадионите да бидат дистанцирани и да носат заштитни маски на лицето.

Исто така се разгледува можноста да се спречи точење алкохол или било какви пијалоци на трибините. Наводно, секој од фановите ќе добие можност за оброк и пијалок на самото седиште на кое гласи влезницата.

Протоколите во Велика Британија долго време се строги, а ќе се опуштат на средината на мај, кога ќе биде дозволена организација на настани на отворено со присуство на навивачи.