Фановите бесни: Зошто Вардар молчи за кризата, а му реплицира на Грнчаров?

Некогашниот капитен на Вардар, Бобан Грнчаров, јавно ја коментираше ситуациајта во клубот, на тоа возвратија со соопштение од таборот на „црвено-црните“, но истото како да се покажа како мала грешка, затоа што бурни се реакциите на вардаровата армија.

Навивачите на најтрофејниот клуб не ја прифатија добро брзата реакција на клубот околу фејсбук-објава на Бобан Грнчаров, а фактот дека долго време се молчи околу актуелната состојба во која Вардар може да извиси за европска лиценца.

Коментарите на „фејсбук-страницата“ на Вардар покажуваат дека навивачите се доста нервозни, па очекуваат разврска на ситуацијата и одговор до каде е работата со европската лиценца и долгот со шест нули.

  • Реакции на навивачите на Вардар околу соопштението поврзано со Грначров:

  • Целосната објава на „фејсбук-страницата“ на Вардар:

На објавата на Вардар повеќето застнааа во одбрана на Грнчаров и побараа други одговори од управата, а некои го осудија потегот на некогашниот капитен и јавниот коментар на адреса на Вардар како клупска легенда и миленик на „Комитите“.