Фановите бесни: Бруно доцна сфатил каква глупост направил – го пропушта дербито со Ливерпул 

Манчестер Јунајтед доживеа вистинска бламажа на Олд Трафорд. Три бода од „Театарот на соништата“ освои Борнмут, кој славеше со 0-3. Сепак, поразот не е единствениот проблем за „црвените ѓаволи“, бидејќи Бруно Фернандеш направи глупост во пресрет на големото дерби со Ливерпул.

По денешната катастрофа, Јунајтед има два големи натпревари. Баерн ќе пристигне на „Олд Трафорд“ во вторник во Лигата на шампионите, а на овој натпревар на тимот на Ерик Тен Хаг им е потребна победа за евентуален пласман во нокаут фазата од натпреварувањето.

Веќе следниот викенд „црвените ѓаволи“ ќе го одиграат најголемото англиско дерби. На „Енфилд роуд“ ќе се судрат со Ливерпул, но без капитенот Бруно Фернандеш.

Португалецот пред самиот крај на натпреварот против Борнмут доби жолт картон. Севкупно, тоа е негова петта опомена сезонава и поради тоа ќе го пропушти големото дерби. Бруно невнимателно тргна кон противничкиот играч, а откако го сруши беше видно разочаран од ваквиот исход. Навивачите на Јунајтед на социјалните мрежи го искажуваат револтот од глупоста на капитенот, бидејќи сметаат дека таков старт беше непотребен во натпревар кој веќе е загубен, а притоа следен ривал им е Ливерпул.

По новиот кикс, „црвените ѓаволи“ останаа на шестата позиција барем до утре кога својот натпревар го игра Њукасл. 

Состави

Ерик тен Хаг

4-2-3-1

    Андони Ираола

    4-2-3-1