Фанови на Барса пцуеја по Де Јонг: Намали ја платата, п**ко една... (ВИДЕО)

Де Јонг

Френки де Јонг е еден од играчите кој може да помогне Барселона нормално да ја започне новата сезона. Доколку тој прифати трансфер надвор од „Камп Ноу“ или ја намали платата, поголем дел од финансиските проблеми на клубот значително ќе исчезнат.

Каталонците имаат проблеми да ги регистрираат новите засилувања, поради високите трошоци. Сето тоа се случува неколку дена пред официјалниот почеток на новата сезона во Примера.

Фановите се незадоволни од однесувањето на холандскиот играч за врска. Видео на социјалните мрежи покажува како неколку навивачи со пцовки го испраќаат автомобилот со кој се возеше Де Јонг.